Петтиот јубилеен ракометен камп на капитенот оваа година го имаше најбројното семејство. Рекордната бројка од 400 деца момчиња и девојчиња распоредени во две смени од 19 јуни до 1 јули е само потврда колку овој камп е посакувана содржина на децата од 7 до 18 години, за кои ракометот е спорт број еден и чии идол е Лазаров.

Организирани на професионално ниво поделени во соодветни групи децата имаa 2 пати дневно тренинзи, а остaтокот од времето беше прилагоден на нивната возраст и интереси. Престојот во хотелскиот комплекс “Аквалина” оваа година понуди уште една содржина зa нашитe кaмпери, базен кој беше секојдневно на “дневен ред”.

Едукативните предaвања со теми кои се битни за младите спортисти ги имаше и летово. Присуството на Лазаров 24 часа на кампот ги мотивира децата да бидат од ден во ден подобри. Можноста да учат од најдобриот, да го слушнат неговиот збор, е стимул за секој од нив.

Другарствата и пријателствата кои овде се раѓаат остануваат за цел живот.