Вардар запиша победа против Елверум, одигра две различни полувремиња, но најважно е што одиграа феноменално второ, за победа 35-32, гостите имаа предност 20-17 по првите 30 минути, во вториот дел црвено-црните запишаа предност за победа 18-12.

Голманот на Вардар, Робин Кантегрел со шест одбрани во финишот беше еден од најзаслужните за победата против Елверум.

„Сакам прво да му изразам поддршка на Кинтана, што се однесува до мечот, разликата во првиот дел за противникот беше поради одбраните на нивниот голман, ние одигравме добро второ полувреме и стигнавме до заслужена одбрана“ – изјави голманот Кантегрел.