Капитенот на репрезентацијата на Зеленортските острови, Леандро Семендо е бесен откако нивната екипа беше дисквалификувана од Светското ракометно првенство.

Оваа селекција одигра само еден натпревар против Унгарија, а поради појава на коронавирус во екипата не ги одиграа натпреварите со Германија и Уругвај.

Семедо вели дека кон нив се однесувале како кон животни, а изрази сомнежи во точноста на тестовите.

„Сите гледаа во нас како да сме движечки вирус. Тоа да им се случеше на Германија или Шпанија односно на ИХФ би би поинаков. Не знам дали на некого му се случило на подготовките да има позитивен тест, па на следното тестирање да биде негативен и потоа по доаѓањето во Египет повторно да добие позитивен тест. Не сум доктор и не знам колку тестот е точен, но ми се чини дека тука нешто не е во ред.“, нагласува Семедо.

Тој посочува дека на натпреварот против Уругвај, кој им носеше пласман во вториот круг, со сигурност ќе победеле. Смета дека некој им забранил да играат.