Поранешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ , е задоволен од резултат, Вардар ги изненадил со тактиката, на крајот резултатот е реален.

Поранешниот вардарец беше пречекан како „домашен“ играч во СЦ „Јане Сандански“, и се заблагодари на вермната публика на црвено-црните.

„Ја прекинавме традицијата на Вардар која ја држеше неколку години тука против Кјелце. Вардар не изненади со 7 на 6 со три многу паметни, ниски и брзи играчи. На крајот се виде дека Вардар дојде до заслужен бод. Ова беше посебен натпревар за мене и уживав. Ова е едно ново искуство во животот. Им благодарам на сите и на оваа прекрасна публика. Секако и на играчите на Вардар бидејќи сите ми овозможија прекрасен пречек, изјави Игор Карачиќ, играчот на Кјелце.