Во традиционалниот изборна Спортски новости и Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС), избрани се најдобрите во хрватскиот ракомет во 2019 година.

За најдобар ракометар, по прв пат, е избран ракометарот на Киелце, а порано на Вардар, Игор Карачиќ. Решавачка за овој избор беше играта на Kарачиќ во дресот на Вардар, со кој ги освои Лигата на шампионите и СЕХА-лигата, а беше избран и за МВП на завршницата на Лигата на шампионите во Келн.

За најдобра ракометарка, исто така по прв пат, избрана е ракометарката на Мец, Ивана Капитановиќ, која со својата екипа настапи на завршницата во Лигата на шампиони.

За најдобар тренер, по десети пат, е избран селекторот на хрватската репрезентација и поранешен долгогодишен тренер на Металург Лино Червар. Под негово водство Хрватска се пласираше на шестото место на СП во Германија и во Данска, а обезбеди и олимписки квалификации.

За најдобри ракометни судии, по 12-ти пат, се избрани Матија Губица и Борис Милошевиќ, кои немаат конкуренција во Хрватска.