Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ ќе биде подготвен за утрешното полуфинале во Норвешка.

Ракометарот прими лош удар во колено од Алекс Душебаев во финишот од натпреварот со Шпанија, по што не беше во можност да го одигра последниот напад.

Загриженоста на навивачите ја прекина репрезентативниот физиотерапевт кој објави видео порака од Карачиќ.

„Апсолутно не постои никаква шанса да го пропуштам полуфиналето. Би играл и со една нога. Се е во ред, не се грижете.“ – порача Карачиќ.