Игор Карачиќ одлучи јавно да им даде поддршка не неговите поранешни соиграчи но и на неговиот поранешн клуб, Вардар со кој стигна до европскиот врв.

Карачиќ од оваа сезона е во Кјелце но редовно ги следи настапите на Вардар а по денешниот убедлив пораз од Веспрем во Скопје реши да ги утеши играчите кои немаа свој ден во „Јане Сандански“.

„Кога ќе биде најтешко и најважно, тогаш ќе виде вашето време. Главата горе“ – напиша Карачиќ на неговиот Инстаграм профил.