Металург со пораз стартуваше во ракометната Лига на Европа, откако вечерва загуби од Тулуз со 33-29 на гостувањето во Франција.

Тренерот Зоран Кастратовиќ смета дека екипата покажала капацитет, следуваат подобри денови

„Ние дојдовме по добар резултат, за жал, не успаевме во тоа поради лошото ниво на концентрација во одбраната. Нашата одбрана 6-0 не беше добра како на претходните натпревари. Сакам да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, имаме уште девет натпревари во Европската лига да играме подобро и да победиме на некој од нив“ –  изјави Кастратовиќ.