Зоран Кастратовиќ сепак ќе остан на клупата на Металург, ова беше одлучено на состанокот кој го одржаа челниците на Металург и црногорецот.

Кастратовиќ по тешката победа на Металург над Вардар јуниор,  најави дека ќе си замине поради недоволно залагање на ракометарите, но сепак тоа не се случи откако двете страни најдоа заеднички јазик.

Металург престојниот викенд го очекува реванш мечот од ЕХФ купот против Горење, а на првиот натпрвар во Словенија, Горење славеше со 24-19.