Металург утре во „Јане Сандански“ го пречекува словенечки Горење во реваншот од 3 коло од Купот на ЕХФ. Металурзите за пласман во следната рунда мора да го анулираат одој пораз од 19:24.

Тренерот на РК Металург, Зоран Кастратовиќ и покрај најавата дека ќе ја напушти екипата од Автокоманда сепак реши да остане на позицијата шеф на стручниот штаб.

„Пет гола се достижна разлика, која верувам дека со игра како во првото полувреме во Словенија можеме да ја анулираме и да обезбедиме пласман во следната фаза. Мора да бидеме поконцентрирани во нападот, да нема избрзани и неизградени шутеви како што имавме во првиот меч, со кои им овозможивме користење на нивното најсилно оружје, контрата и транзицијата. Исто така, важна ќе биде и играта во одбрана, со која ќе треба да го запреме моторот на нивниот напад Алекс Кавчич и да не дозволиме игра на линијата од шест метри.“ – изјави Зоран Кастратовиќ за Нова Македонија.