Зоран Кастратовиќ на 20 јули ќе има собир со тимот на Металург, по кој ќе започнат подготовките на екипата од Автокоманда.

Ситуацијата со Ковид-19 ќе бара посебен режим на тренинзите, Кастратовиќ се надева дека нема да има никакви проблеми.

„Се надевам дека  ќе можеме непречено да ги почнеме подготовките за новата сезона. За првите два дена од подготовките се предвидени тестирања и лекарски прегледи, а потоа постепено почнуваме со стандардните тренинзи . Во Автокоманда ќе работиме до 30 јули, а потоа до 11 август подготовките ќе ги продолжиме во Маврово“ – изјави Кастратовиќ.