Металург го победи Пелистер на гостински терен во 27:24 во дуел од 7 коло во ракометната Суперлига.

Ова беше прв натпревар за Зоран Кастратовиќ на клупата на „металурзуте“ кои по птвото полувреме водеа со 15:11. Јагуриновски и Чантурија со по шест гола беа најефикасни за победникот, кај битолчани се издвои Стефан Талесвски со седум гола.

На останатите натпревари од 7 коло во Суперлигата, Вардар Јуниор беше убедлив против Тинекс Пролет со 38:27, Радовиш славеше над Работнички со 41:33 а Струга загуби од Охрид во локалното дерби со 10:28.