Металург идната недела го очекува премиерниот настап во ракометната Лига на Европа, а тренерот Зоран Кастратовиќ смета дека играта во одбрана ќе биде клучна за добар резултат на гостувањето кај француски Тулуз.

Тулуз има квалитетна и искусна екипа, која на сите позиции е покриена со одлични ракометари, на кои брзата транзиција им е најсилно оружје. Затоа, од првата минута на мечот ќе мораме да влеземе максимално борбено во одбраната и концентрирано во нападот, со единствена цел градење квалитетна и сигурна игра во која техничките грешки ќе бидат сведени на минимум, за да не му се дозволи на противникот да постигнува лесни голови, туку ние да бидеме тие што ќе го диктираат темпото на игра“, изјави Кастратовиќ за клупскиот сајт.

Натпреварот меѓу Тулуз и Металург ќе се игра во вторник со почеток во 20.45 часот, а во групата со тимот од Автокоманда се уште и Чеховски Медведи, Адемар Леон, Висла и Фиверс,