РК Металург утревечер ќе му гостува на Горење Велење во воведниот натпревар од двомечот во 3 рунда во ЕХФ Купот. Предовдникот на „Металурзите“ Зоран Кастратовиќ со оптимизам гледа на утрешната средба во Словенија.

„Со дисциплинирана игра во која не смееме да направиме многу грешки во нападот, со брзо враќање по постигнат гол, можеме и мораме да ја неутрализираме нивната транзиција и да спречиме многу од нивните напади и можности за лесни голови.  Ако одиграме како што треба, како што се подготвуваме, фокусирано и дисциплинирано, а не гледам причини зошто не би го направиле тоа, мислам дека имаме шанси од таму да се вратиме со поволен резултат.“ – изјави Кастратовиќ за клупскиот сајт на Металург.

Натпреварот во Велење е закажан за утревечер со почеток од 20 часот додека реваншто во Скопје ќе се игра на 24 ноември.