Ракометарките на Куманово вечерва со убедлив пораз го започнаа настапот на европската сцена во ЕХФ купот, откако загубија на гостувањето кај украинскиот првак Галичанка Лвов со 33-17.

Кумановчанки резултатски се држеа во натпревар до полувремето , кое украинскиот тим го доби со 11-8.

Поради реконструкција на салата, Куманово ќе ги одигра двата натпревари во Украина, а по веерашниот висок пораз реваншот  в недела од 11 часот е само чиста формалност.