Денеска се одиграни дури пет средби од 12. коло на групната фаза на Лигата на шампионите. Во најважниот од нив, Вардар се издигна над проблемите и катастрофално го порази Мотор Запорожје.

Во групата на Вардар денеска се одиграни уште два натпревари. Киелце извојува многу важна победа против Порто и му помогна на Вардар да се искачи на петтото место, кое според пресметките носи подобар противник, дури и од четвртата позиција во групата „Б“.

Во последниот натпревар, Монпеље извојува победа против екипата на Мешков Брест и го задржа третото место во групата.

Вардар – Мотор Запорожје  38:28 (16:11)

Киелце – Порто  30:25 (12:12)

Монпелје – Мешков Брест  30:26 (16:14)

Во групата „А“ се одиграа две средби. Сигурни победи извојуваа Барселона против ППД Загреб и Фленсбург против Елверум.

Барселона – ППД Загреб  32:23 (17:9)

Елверум – Фленсбург  28:34 (14:15)