Во првиот натпревар од 12. коло на групната фаза, екипата на Кил го искористи домашниот паркет и минимално го совлада тимот на Веспрем, со резултат 29:28 (15:15).

Тоа беше натпревар меѓу две квалитетни и израмнети екипи во кој Кил во второто полувреме успеа да направи разлика од 4 гола и таа предност ја сочува до крај.

Кил е првиот директен четврт-финалист, односно ќе ја избегне осминафиналната фаза. Ако не се случи нешто непредвидено, најблиску до ваков успех во другата група е екипата на Барселона.

 

Распоред на 12. коло:

Група „А“:

15.02.2020 г., 17.30 ч.: Елверум – Фленсбург

15.02.2020 г., 20.00 ч.: Барселона – ППД Загреб

16.02.2020 г., 16.50 ч.: Алборг – Цеље ПЛ

16.02.2020 г., 17.00 ч.: Пик Сегед – ПСЖ

Група „Б“:

12.02.2020 г., 19.00 ч.: Кил- Веспрем 29:28 (15:15)

15.02.2020 г., 15.00 ч.: Киелце – Порто

15.02.2020 г., 17.15 ч.: Монпелје – Мешков Брест

15.02.2020 г., 17.30 ч.: Вардар – Мотор Запорожје