Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров јавно ја поддржа желбата на Живко Мукаетов да се кандидира за нов мандат за претседател на РФМ.

„Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија. Под негово водство се изградивме како сериозна федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи.“- изјави Лазаров.

Според последните инфорамции, Мукаетов нема да има против кандидат на Редовното изборно собрание на РФМ е закажано за в недела 31 јануари.