Сите во националниот тим на машката ракометна репрезентација, вклучувајќи го капитенот Кирил Лазаров е задоволен од ждрепката и селекциите кои ги имаме во групата Б во Виена на ЕУРО 2020.

Капитенот на нашиот национален тим смета дека ова е шанса која треба да се искористи.

“Патот ни е отворен, треба да го изодиме! Имавме добра ждрепка, сами да биравме ќе погрешевме. Иако секој ученик на Европското првенство треба секогаш да се респектира максимално. Ракометот оди напред и сите напредуваат. Во секој случај вибрациите се позитивни, ни треба максимална мобилизација”.- изјави капитенот Кирил Лазаров за 24 ракомет.

Македонија на ЕП, во групата Б во Виена ќе се соочи со организаторот Австрија, Чешка и Украина.