Македонската ракометна репрезентација игра под своето реноме на СП во Египет а тоа е тешко да се прифати и од јавноста и од раководството на РФМ.

Нашиот капитен, Кирил Лазаров во интервју за „ХРС“ откри како се чувствува во овој период и што треба да се направи за работите да се променат на подобро.

„Горд сум што 22 години го носам македонскиот дрес и сум дел со селекцијата на големите настани. Знаевме дека не сме во добра ситуација, бидејќи имаме промена на генерации, но среќен сум што го добивме овој повик за да играме на СП. Во договор со федерацијата решивме да дојдам и јас тука и да им помогнам на младите ракометари. Мора да признам дека ми е напорно, но не ми е тешко, затоа што ова го работам со срце.  Знам дека цела Македонија тагува за нашите порази со голема разлика, но верувајте ми ниту мене не ми е лесно. Иако имаме промена на генерација, ние мораме да се бориме до крај, а каков што беше случајот на овој собир. Можеби нас ова Светско првенство ќе ни е добредојдено, затоа што на еден начин го допревме дното, па сега да пробаме со добра стратегија да напредуваме.“ – изјави Лазаров.

Македонија утре ја очекува дуелот со Белорусија во последното коло од главната групна фаза на СП во Египет.