Ракометниот клуб Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери,  како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони.

Во професионалното зреење на клубот кој од следната сезона ќе го има своето суперлигашко деби ќе бидат ангажирани Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска .

И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување. Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот. Најдобар во својата работа, потврда за ова се двете европски титули како и сите освоени медали на домашна и меѓународна сцена.

Билјана Црвенкоска 20 години беше активна ракометарка, репрезентативка, освојувач на лигата на шампиони како дел од стручен тим. Таа ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност , спорт и фитнес администрација и менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во „Голден Арт КЛ7“ ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим.

За засилување на стручниот тим, спортскиот директор на ракометниот клуб „Голден Арт КЛ7″ Милчо Чакарески изјави:

” Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Супер Лига, согласно своите стратегиски и развојни концепции темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, а пред се застапувајќи го брендот КЛ7 и неговата големина во светски рамки градејќи го тимот за сезоната 2020/21 како прв преземен чекор е јакнењето на стручниот штаб со два европски шампиони. Прв чекор е носењето на главноиот лик во делот на медицината и здравјето и двократниот европски шампион од редовите на Вардар, кој исто така истата задача ја има и во македонската репрезентација, г-динот Димитар Маневски. Второ засилување во нашиот стручен тим на местото прв помошник на шефот на стручен штаб Андон Бошковски е актуелниот европски првак, десната рака на Роберто Парондо, г-ца Билјана Црвенкоска, наша долгогодишна ракометна репрезентативка која исто така беше дел и од тимот на Раул Гонзалез. Со ова сакаме да покажеме дека ние како тим ќе вложуваме средства и максимален напор во стручни капацитети со цел на добивање квалитетни ракометари од македонско производство”.

Чакарески кој беше долгогодишен спортски директор на сите македонски ракометни селекции додаде дека ова е само почеток на плановите на новиот суперлигаш, ракометниот клуб  „Голден Арт КЛ7“, кој патем е и најмладиот ракометен клуб формиран во Македонија .