Македонскиот селектор и најдобар ракометар Кирил Лазаров беше лидер во последниот пораз на Нант од 27:20, постигнувајќи шест погодоци за тимот од Франција.

Според сите очекувања ова треба да биде последна сезона за Лазаров како ракомерат, а тој во интервју за Л’Екип кажа дека новиот договор со Нант бил со причина да испипе историја со овој тим.

„Го продолжив договорот со Нант затоа што сакам да испишувам историја со клубот. Досега двапати игравме на Ф4-турнирот во Лига на шампиони, а сега ќе се бориме во француското првенство и Лига Европа. Четири години живеам една прекрасна приказна во Нант со овие прекрасни навивачи. Конкуренцијата во тимот е голема“– вели Лазаров.

Лазаров не сакаше минатата година да ја заврши кариерата затоа што сакаше да се збогува пред навивачи на трибините.