Капитенот на нашата најсилна машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров одлучи во живо да го проследи натпреварот меѓу Македонија и Нигерија.

Дуелот од второто коло од групната фаза на Мундијалот на кадети се покажа како доволно привлечен за Лазаров да присуствува на трибините во „Борис Трајковски“.

Лазаров и донесе среќа на нашата репрезентација која на крајот успеа да ја победи Нигерија за прв триумф на Мундијалот.