Капитенот но и селектор на Македонија, Кирил Лазаров ги потврди најавите дека следната сезона во Нант ќе биде неговата последна како играч.

Ова го најави Лазаров за клупскиот сајт на Нант, со што стави крај на сите шпекулации кои го поврзуваа со можен кам бек во Македонија како играч.

„Тоа ќе биде моја последна сезона, сигурно е тоа, донесов одлука. Кога ќе изброите поминаа многу години. Но, најважно е да се чувствувате добро, вашето тело да биде добро, да немате болки. Отсекогаш се обидував да бидам професионален колку што можам повеќе. Секогаш сум се чувствувал во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот, сакам да завршам без потешкотии.“ – изјави Кирил Лазаров.