Марко Кизиќ има само 18 години и блесна на средбата со Мешков Брест во Скопје, бранеше одлично и е еден од инспираторите на победата на Вардар.

Голманот на „црвено-црните“ изјави дека натпреварот бил тежок, освоени се важни бодови.

„Ова беше важен натпревар за нас, тежок, ја имавме предноста од домашниот терен, ова се важни бодови, ќе докажеме дека сме квалитетни, ја продолжуваме борбата“ – изјави голманот на Вардар, Марко Кизиќ.