Марин Поповоски и Марко Мишевски добија замена во екипата на РК Вардар во имињата на младите Ален Ќосевски и Дејан Кукуловски.

„Двајцата ракометари веќе тренираат со екипата и ќе бидат и на подготовките што следуваат. Ќосевски игра на позиција на десно крило, а Кукуловски настапува на бековска позиција. Кукуловски е веќе на подготовките, а Ќосевски ќе се приклучи откако ќе заврши кадетското СП што во август ќе се одржи во Скопје. На тоа СП ќе настапи и голманот Марко Кизиќ кој исто така продолжува со првиот тим на Вардар.“ – соопштија од РК Вардар.

Ова е решението на „црвено-црното“ семејство од каде потврдија дека голманот Васко Гогов исто така ќе тренира со првиот тим но потоа ќе биде прекомандуван во Вардар Јуниор.