Еден од тренерите  на кампот на Кире Лазаров е Доминик Клајн. На покана на Лазаров, Клајн дојде во Охрид да го пренесе своето искуство и заење на децата кои се дел од кампот.
„Овде сум на покана на мојот клупски колега и соиграч од Нант, Кире Лазаров кој е организатор на овој камп. За кампот знам подолго време следејќи го овој настан на инстаграм, на социјалните мрежи и еве конечно сум тука. 200 деца во една недела, тоа се вкупно 400 деца, тим од тренери, огромна организација. Поглед на езеро, многу сонце, тренинзи под ведро небо. Не постои подобро место каде би можело ова да се организира, ниту во Европа ниту во Германија, воопшто е невозможно да се имаат вакви услови. Сето ова се работи со срце. Најмногу ме радува дека овој камп им овозможува на децата да тренираат во вакви услови со нивниот национален херој“, изјави Клајн.