Вардар в недела ќе го пречека Веспрем во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на 10.коло од Лигата на шампиони. Тренерот на „Црвено-црните“, Едуард Кокшаров е свесен за ситуацијата во која се наоѓа Вардар и проблемите со повредини ракометари кои ги има европскиот првак.

„Имаме проблеми со повреди. Без разлика кои ракометари ќе играат ќе дадат се од себе и со помош од нашата верна публика да победиме на мечот против Веспрем. Натпреварот трае шеесет минути, а ние имаме по еден ракометар и не можеме да правиме ротација. Ние во вакви услови не можеме да формираме одбрана 6-0, можеме да тренираме само 5-1. Ракометарите се по 60 минути на паркетот и едноставно нема кој да ги замени. “, изјави Кокшаров.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ се игра во недела со почеток од 17 часот.