Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров, по мечот со Мотор Запорожје не го криеше задоволството од победата но и зборуваше з апроблемите со кои се соочува.

Вардар славеше убедлива победа над Мотор со 44-37, шампионот на Европа и Македонија има проблеми со повредени играчи, Кокшаров е загрижен но опции нема.

„Од бековската линија ни остана само Скубе, втор меч по ред крила ни играа како бекови. Но, ситуацијата е таква, немаме многу избор, ако треба, ќе играме и со голмани на бековска позиција, ама нема да се предадеме никогаш предвреме“ – изјави Кокшаров.