Вардар ја прекина низата без триумф во Лигата на шампионите на ЕХФ, откако попладнево го совладаа Мешков Брест со 36:31 во 6 коло од Групата Б.

Тренерот Едуард Кокшаров смета дека Вардар одиграл добро во одбраната и заслужено стигна до победата.

„Имавме проблеми со повредени играчи, не можевме да играме 6-0 одбрана но и со 5-1 успеавме да одиграме добро, играчите одиграа добро, дадоа се од себе и заслужено победивме“ – изјави тренерот на Вардар.