Ни промената на кормилото на РК Вардар не донесе поголема промена во играта на „црвено-црните“ кои вечерва беа тотално надиграни од Веспрем и поразени со 39:30 во 5 коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

На официјалната прес конференција по мечот, новиот тренер на Вардар, Едуард Кокшаров не се појави а пред новинарите одговараше тренерот на голманите, Дејан Периќ.

„Честитки за Веспрем, тие беа подобри од нас, Игравме натпревар во прекрасна атмосфера. Веспрем тактички беше подобро поставен од нас, во второто полувреме дојдовме до минус два гола но потоа не успеавме да продолжиме во тој тирам, Веспрем беше подобар од нас и во одбрана и во напад“ – изјави Периќ.