Предводникот на Вардар, Едуард Кокшаров смета дека Вардар сеуште има шанси за висок пласман во групата Б од Лигата на шампионите и покрај денешниот пораз на гостувањето во Полска.

„Морам да им честитам на ракометарите на Кјелце за денешната игра. Ние не заслуживме да загубиме со оваа разлика. Петнаесетина минути пред крајот на натпреварот бевме во егал, но во последните минути натпреваривме многу грешки.И покрај ова сепак сеуште имаме шанси за да бидеме на горниот дел од табелата.“ – изјави Кокшаров.

Вардар по осум кола има скор од четири победи, една нерешена и три порази а на последните пет натпревари во елитата има само еден триумф.