Предводникот на РК Вардар, Едуард Кокшаров беше задоволен од освоениот бод во дербито на денот во Лигата на шампионите против екипата на Кјелце. 

„Сите имавте можност да видите дека на овој меч сите играчи дадоа се од себе, овој тим покажа голем карактер и покрај сите проблеми со кои се соочивме. Сите беа перфектни на теренот. Пред нашите навивачи сакавме да победиме но ги немавме високите играчи на бековските линии. На крајот бркавме бод и мислам дека треба да бидеме задоволни од исходот.“ – изјави Кокшаров.

Во следното коло Вардар го очекува реваншот со Кјелце во Полска.