За Вардар нема одмор, во среда во Скопје гостува Мотор Запорожје, тим што успеа сезонава да ги победи „црвено-црните” во Украина.

Ова е натпревар од СЕХА лигата,дуелот е особено важен за двете екипи, зашто решава кој ќе биде прв во групата и потоа ќе ги скокне двата осминафинални натпревари.

Тренерот Еудард Кокшаров сака да одмара дел од играчите за оваа средба во среда.

„Мотор не доаѓа во најсилен состав на дуелот против нас. Ние исто така нема да бидеме комплетни бидејќи на некои играчи ќе им дадеме шанса да одморат после тешкиот дуел против Келце. Ова не значи дека ние ќе им попуштаме и дека ќе се опуштиме. Одиме на победа и за нас три бода се важни и на овој дуел како и на секој друг”, вели тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров.

Средбата меѓу Вардар и Мотор е закжана за во среда во 20,15 часот во СЦ „Јане Сaндански”.