Непријатни вести од Португалија, голманот на Порто, Алфредо Кинтана на тренинг претрпе срцев удар, тој е во сериозна здравствена состојба, се бори за живот, ЕХФ го одложи натпреварот во Лигата на шампионите.

Дуелот меѓу Мешков Брест и Порто требаше да се одигра во среда, но поради новонастанатата ситуација ЕХФ реши да го одложи.

Кинтана е пренесен во болница, според последните информации тој е во лоша ситуација и се наоѓа во делот за интензивна нега, Порто побара и доби одложување на натпреварот.