Кил го совлада Вардар, но навивачите на црвено-црните се задоволни од прикажанот против фаворитот.

Борбата и желбата за докакување против подобрите секогаш носи резултат, а ова е пораката на навивачката група „Комити“ по поразот во Германија.

„Ова е тој момент кога се чувствуваш достоен и во поразот. Си дал се од себе, и повеќе од тоа, и со самото тоа си победник. И ако Вардар доби нешто вечерва, тоа беше Кудуз, а и штета што играч како Тото си оди. Напред Вардар во срце те носам !“ – порачува навивачката група Комити.