Полскиот ракометен вицешампион Висла Плоцк официјално потпиша договор на една година со 34-годишниот руски репрезентативец Константин Игропуло.

Игропуло во својата кариера настапуваше за Барселона, Колдинг и Фуксе Берлин, а последен тим за кој настапи е  белорускиот Мешков Брест.

„Благодарам на управата и на Чави Сабате за довербата која што ми ја дадоа. Убеден сум дека ќе ја оправдам во текот на сезоната “, изјави рускиот репрезентативец на официјалната промоција во новиот клуб.

За националниот дрес на Русија, Игрoпуло одигра 110 натпревари и постигна 505 гола.