Земајќи ја в предвид актуелната ситуација со пандемијата на Коронавирусот, раководството на германската ракометна Бундеслига реши да го запре натпреварувањето во најсилните две лиги до крајот на април.

Во првата Бундеслига се одлагаат 28, 29 и 30 кола, а натпреварувањето ќе продолжи на 23 април. Одложените кола ќе се играат во мај.

Одложена е и завршницата во Купот на Германија, која се игра на 4/5 април, но сега ќе биде префрлена за понатаму, додека веќе купените влезници ќе важат за новиот термин.

Во втората Бундеслига се одлагаат пет кола, а првенството ќе продолжи на 22 април.