Само прашање на времето беше коронавирусот да ги поремети и плановите на ЕХФ околу завршните турнири во машката и женската Лига на шампионите, како и во ЕХФ Купот.

Денеска ЕХФ објави дека внимателно ја следи состојбата со епидемијата на коронавирусот и ги соопшти алтернативните дати кога би можеле да се одиграат главните европски клупски турнири.

Па, така, фајнал-форот во машката лига на шампионите, место на 30/31 мај би можел да се одигра на 22/23 август во Келн.

Завршницата во женската Лига на шампионите би можела да се префрли од 8/9 мај на 5/6 септември.

Фајнал-форот, пак, во ЕХФ Купот место на 23/24 мај би се играл во Берлин на 30/31 август.