Раководството на РК Охрид обајви дека еден ракометар и еден челн на клубот с епозитивни на Ковид-19, со ова се зголемува бројката на играчи и од овој спорт во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.

Претходно , позитивни случаи на коронавирус пријавија, Голден Арт КЛ7, Радовиш и Струга.

„Сакаме да информираме дека еден ракометар и еден член на екипата се позитивни на вирусот ковид -19. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба. Следниве денови тестирани ќе бидат преостанатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата. До сите клубови апелираме да ги почитуваат мерките и протоколите подготвени од Ракометната федерација на Македонија и надлежните институции“ – обајвија од РК Охрид.