Еден од најдобрите млади ракометари на Македонија, Ненад Костески во наредните неколку ден се очекува да потпише со Еурофарм Пелистер.

19-годишното десно крило минатата сезона направи трансфер во ППД Загреб, но по само една година се враќа во својата татковина. Тој кариерата ја започна во родната Струга каде  прикажуваше одлични игри, кои беа гаранција за битолчани да се уверат во неговите квалитети и да „загризат“ за неговиот потпис, а притоа беше дел и од македонската репрезентација.

Е.Пелистер прехтодно се засили со уште двајца млади ракометари во имињата на Танкоски и Кукуловски, а во Битола пристигнаа и интернационалците Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ.