Новиот тренер на Голден Арт КЛ7, Игор Котевски со првична реакција по добивањето на функцијата во клубот на Кирил Лазаров.

„Благодарам на Клубот што ме ангажираше, најверојатно моите претходните резултати биле причина што мене ми ја дадоа довербата. Драго ми е што дојдов во еден стабилен и организиран колектив. Се надевам дека заедно ќе успееме во нашата цел, да изградиме играчи кои ќе бидат добар пример и во добро светло ќе го репрезентираат клубот и државата. Оние кои добро ме познаваат знаат дека кога работам се внесувам 100%, безпоштедно. Клубот постои неколку години, но сигурно сите имаат големо влијание и придонес за успесите и резултатите што досега се постигнати. Ќе работиме во тој правец со надеж дека ќе продолжам со успесите и патот по кој до сега одеше оваа млада екипа.“ изјави Котевски.

Котевски има сериозно искуство со млади ракометари и се очекува дополнително да го подигне квалитетот во тимот кој има високи амбиции за следните неколку години во македонскиот ракомет.