Во пресрет на денешиот натпревар на Вардар и Кил во Лигата на шампионите на ЕХФ, десниот бек на црвено-црните, Даинис Криштопанс во изјава за летонските медиуми потврди дека проблемите со финансирањето сеуште е нерешлива енигма.

„Финансиските проблеми почнаа минатата сезона и сеуште не се решени. Долгот на клубот е огромен. Вардар им должи пари на скоро сите ракометари, на некој повеќе на некој помалку но се во клубот се одвива споро. Проблемите се решаваат бавно.“ – изјави Криштопанс.

Дерсниот бек на Вардар потсети дека за него незаборавен момент во кариерата е освојувањето на ЛШ минатата сезона и пречекот од навивачите во Скопје.

Натпреварот меѓу Кил и Вардар е закажан за вечерва од 19 часот.