Даинис Кристопанс со успех настапуваше за Вардар, Летонецот за „Брз центар“ од Русија говореше за кариерата, за Скопје и причините зошто предвреме го напушти македонскиот и европски шампион.

Во Вардар имало многу ветувања но мала реализација, останале должни кон Криштопанс кој поради таа причина го напушти скопскиот клуб.

„ Вардар ми остана должен, имаше ветување од Самсоненко дека ќе бидеме исплатени до крајот на годинава, се надевам дека ќе го исполни. Ситуацијата во клубот стануваше сѐ потажна, слушавме ветувања што не се исполнуваа. Знаевме дека Михајло Михајловски ќе го преземе управувањето но тој повеќе се интересираше за случувањата за наредната сезона, па кога дојде понудата од Берлин решив да ја прифатам“ – изјави Криштопанс.