Даинис Кристопанс од денеска е нов ракометар на бундеслигашот Фуксе Берлин, каде ќе ја заврши сезоната. Тој ќе настапува само на натпреварите од Бундеслигата, без право да помогне во ЕХФ Купот.

Ваквата молскавична реакција на Летонецот дојде по разговорот со раководството на Вардар, после што му стана јасно дека веќе нема иднина во дресот на Вардар.

Сепак, при промоцијата во Фуксе Берлин, тој за сајтот на „Лисиците“ не заборави и да му се заблагодари на својот довчерашен клуб.

Најпрво би сакал да му се заблагодарам на скопски Вардар за прекрасно поминатото време и за бројните освоени титули. Освоениот трофеј во Лигата на шампионите е нешто уникално.

Сега се гордеам што ќе го носам дресот на Фуксе Берлин. „Лисиците“ се еден од најдобрите клубови во Бундеслигата. Сметам дека овде ќе продолжам да растам како играч и ќе направам се за да му помогнам на клубот“.