По завршувањето на натпреварите во осминафиналните групи во Купот на Македонија, стана познат комплетниот изглед на шеширите за ждрепката за четврт-финалната фаза во ова натпреварување.

Во првиот шешир се сместени СЕХА-лигашите Вардар и Еурофарм Пелистер, како и двете најдобропласирани екипи во досегашниот тек на првенството – Металург (бранител на трофејот) и Охрид.

Во вториот и во третиот шешир се сместени екипите од Суперлигата, според моменталниот пласман на табелата, додека во четвртиот шешир се најдоа победниците од осминафиналните групи.

Изглед на шеширите:

Шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург и Охрид
Шешир 2: Бутел Скопје, Пролет, Радовиш и Вардар Јуниор
Шешир 3: Еурофарм Пелистер 2, Металург 2, Струга и Работнички
Шешир 4: Тиквеш, Вардар Неготино, КЛ7 и Прилеп