Ракометната федерација на Македонија обелодени дека салата во Автокоманда ќе биде домаќин на завршницата на ракометниот куп на Македонија.

Во просториите на РФМ беше  извршена ждрепката за полуфиналните средби од Купот во машка и женска конкуренција и беше објавен термин на играње на натпреварите.

Натпреварите ќе се одиграат од 14 до 16 мај, а бранители на титулите се екипите на Куманово и Металург.

 

Петок, 14 мај:
Полуфинале 1:  Металург – Вардар
Полуфинале 2:  Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер

Сабота, 15 мај:
Полуфинале 1:  ЖРК Вардар – ЖРК Чаир
Полуфинале 2:  ЖРК Куманово – ЖРК Металург

Недела, 16 мај:
Финале жени
Финале мажи