Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе истрчаат против Рајн Некар Левен со желба да направат изненадување против фаворизираниот домаќин.

Кружниот напаѓач на битолчани, Томислав Кушан верува дека тимот е подобро подготвен од пред една недела и дека добро го анализирале денешниот противник.

Натпреварот против Рајн Некар Левен сигурно е најтешко гостување. Се работи за најквалитетна екипа во натпреварувањето. Но, ќе играме на победа и ќе дадеме максимум, па што сака нека биде. Најголем квалитет им е полуконтра и контра, играат брз ракомет. Често комбинираат со пивотменот, нивниот среден бек е еден од најдобрите во светот, Енди Шмит. Тоа се нивните најсилни страни, кои ќе се обидеме да ги затвориме.“– изјави Кушан.