Македонските репрезентативци, Филип Кузмановски, Борко Ристовски и Кирил Лазаров со своите клубови ќе се борат за пласман во групната фаза од ЕХФ купот.

Кирил Лазаров и Нанд ќе играат против Арандон од Норвешка, Филип Кузмановски и Магдебург ќе се соочат со полски Горник Забрже додека Борко Ристовски и Бенфика во баражот го добија хрватски Нексе.

Нашиот претставник во ова натпреварување, РК Металург во баражот ќе игра против Горење Велење.

Првите натпревари се закажани за 16/7 ноември додека реваншите ќе се играат седум дена потоа. Групната фаза во ЕХФ купот започнува на 8 февруари 2020 година.