Македонија со пораз 27-25 од Словенија го започна настапот на ЕУРО 2022, еден од најдобрите во нашиот тим, Филип Кузмановски, смета дека техничките грешки ни пресудија.

„Да не направевме толку технички грешки, ќе победевме. Покажавме дека можеме и знаеме, овие млади играчи навистина можат. Ни недостасуваше  Кире, тоа  беше хендикеп за нас, капитенот многу ни фали во играта. Но и покрај се,  главите горе, да ги поправиме техничките грешки на следните два натпревари и да одиграме уште поборбено, можеме подобро , нема простор за разочарување, одиме на следниот меч да го дадеме максимумот, – изјави Кузмановски.